Со изложба „Супстрати“ во Париз се афирмира културната програма на „Отворен Балкан“
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во Париз каде што со министерките за култура на Албанија и на Србија, Елва Маргарити и Маја Гојковиќ, вечер во 18:30 часот, во Културниот центар на Србија ќе се обрати на отворањето на изложбата „Супстрати“, известуваат од Министерството за култура.