Со доделување на награди за најдобрите млади ликовни уметници, најдобро школо и најдобар учесник, претпладнево во Битола завршува 42 .издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.
Во Музејот на современата уметност во Скопје вечер ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година.
Во Занаетчиски дом – Куманово вечер од 20 часот започнува петтото издание на Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ 2023 што ќе трае до утре.
Во малиот салон на Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. Ќе бидат претставени слики изработени во акрилна и маслена техника.
Министерството за култура информира дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена.
Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ организира натпревар во раскажување прочитани книги на кој може да учествуваат ученици од сите основни училишта во земјава.
Во 2022 година биле организирани 537 ликовни изложби и ликовни колонии, што е повеќе за 18,3 проценти во споредба со претходната, 2021 година.
Како што најавија организаторите на Фестивалот, фестивалската програма опфаќа литературни читања, креативни работилници и натпревар во пишување песни инспирирани од културните, историските и природните атракции на регионот на Бургас.
На 36.издание на Фолк фест „Валандово“, кое се одржа синоќа во Фестивалската сала „Јанко Узунов“, победи пејачот Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ по текст, музика и аранжман на Љупчо Трајковски-Фис.
Во рамки на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград, „Допир на Македонија“, во организација на здружението „Македониум“ вечерва во салата „Макавејев“ во Југословенската кинотека ќе биде прикажана реставрираната верзија на првиот македонски игран филм „Фросина“.