Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“
Во Битола пристигнаа над 120 млади ликовни уметници и ликовни педагози од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Турција, Бугарија, Србија, кои заедно со своите врсници и колеги од Северна Македонија ќе учествуваат на 42. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр".