Во склоп на оваа програма, на 28 април во 20 часот, на малата сцена на Националната опера и балет ќе ја видиме претставата „Одења и слични кореографски решенија“ на Филип Петровски, со што се затвора фестивалската програма/
Во 2017 година оваа почест му беше укажана на Васко Атанасоски, во 2018 на Влатко Стефановски, во 2019 на Стојче Цветановски, во 2021 на Александар Петрушевски-Пепе и во 2022 на Горан Трајковски.
Во кафе - книжарницата „Буква“ со почеток од 21 часот ќе се одржи петтото издание на поетската вечер „Поетска епизода“, во организација на младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“, а со поддршка на Еуроп хаус (Europe House).
Јовановска во разговор за МИА потсети дека во Велес за првпат се претставила со групната изложба „Изминување на времето“ на група чешки и македонски автори на видео и скулптура, отворена пред шест години. Ова е нејзина втора изложба во овој град.
Во срцето на уметничка Виена, во музејот „Кунстхале Виена“ (Kunsthalle Wien Museumsquartier), македонската современа уметност синоќа беше во фокусот со „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ – Скопје“ (No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection).
Детскиот интернационален фестивал ,,Гроздоберче" по 27 пат распиша конкурс за нови солисти, информираше денеска уметничкиот директор, Зоран Станоев - Дејзи.
Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ во соработка со федералниот и меѓународен фестивал „La Luna Con Gatillo“, организираат онлајн претставување на македонска поезија во Буенос Аирес, Аргентина.
На официјалното отворање на изложбата имало обраќање на двете директорки на партнерските институции Кунстхале и МСУ, Сабина Саболовиќ и Мира Гаќина.
„Лин рекордс“ денеска го објави најновиот албум на нашиот пијанист Симон Трпчески, насловен „Пријателство“ (Friendship), кој е достапен на дигиталните мрежи за преземање.
Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе настапи македонскиот камерен оркестар „Профундис“ со концерт „GROOVE“ (ГРУВ) најавен како спектакл со досега невидени сценски визуелни ефекти во форма на 3Д-мапинг и уникатна програма.