Во Салон 19:19 во Скопје, синоќа свечено беа доделени наградите за најдобрите пијанисти на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Скопје - „Пијано клавиш" (PIANO KEY International Piano Competiton).
Програмата опфати исцрпни научни излагања посветени на македонската литература, но и презентација на авторски книжевни текстови поврзани со егејската тема и историските трауми, но и со потребата за нивно надминување.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2025 година.
Во Бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје синоќа започна меѓународната панел-дискусија на тема „Театарските односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија - Актуелен статус и европски перспективи“.
Диригент е Григор Паликаров, режисер Вера Немирова, сценограф и костимограф Јулијан Табаков, кореограф Анна Пампулова, а диригент на хорот Теодора Георгиева.
Скоро осум години по објавувањето на албумот „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски, „Кроација рекордс“ (Croatia Records) го претставува и изданието на поливинилна плоча.
По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки“ по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, филмот ќе биде прикажан во Кинотеката вечер со почеток во 19.30 часот.
Тој потенцира дека писмото не потекнува од ИФФК „Браќа Манаки“.
Во претставата играат актерите Дамјан Цветановски, Игор Ангелов, Верица Недеска, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.
Иван Антоновски и Делвина Крлуку се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката. Атанас Костовски и Љупчо Јолевски се добитници на оваа награда за остварувања во областа на новинарството.