Љутков: Во тек е формирање на совет за креативни индустрии, по што ќе се изработи и национална стратегија за развој
Министерството за култура и туризам е во фаза на формирање на совет за креативни индустрии, составен од стручни лица, кои ќе изработат национална стратегија за развој на креативните индустрии со акциски план, најави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.