Филмските центри од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора потпишаа Меморандум за соработка
Во рамки на Деновите на индустријата CineLink во соработка со Сараевскиот филмски фестивал, директорите на филмските центри од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора потпишаа тригодишен Меморандум за соработка, кој беше создаден како резултат на успешно организираната прва меѓународна програма посветена на регионалните актери