Автори од Украина, Бугарија, Албанија, Хрватска и од Македонија учествуваат на четвртиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески” што од денеска до 28 август ќе се одржува во охридско-струшкиот регион.
Македонскиот пијанист од светски размери, Симон Трпчески македонската претпремиера на проектот „Македонисимо“ ќе ја изведе утревечер во струшкото село Збажди, родното место на неговиот татко.
Да се занимаваш со животот и делото на Мајка Тереза, посочи тој, не е едноставна рутинска работа, туку конфронтација со непознатите кои се појавуваат при навлегувањето во нејзиниот комплексен и повеќедимензионален свет.
Со поетски омаж на добитиникот на „Златниот венец“ за 2020 година, Амир Ор, денеска во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта, продолжува 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Софиското книгоиздателство „Персеј“ го објави бугарскиот превод на збирката раскази „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Преводот од македонски е на Деница Проданова.
Македонската литература има долга традиција, а нејзината вредноста ја продолжуваат авторите кои ни се современици, наши колеги, сограѓани, луѓе со кои заедно го креираме македонскиот културен контекст.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ завршува вечер со доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ на најдобрите кинематографери кои учествуваа на 43. фестивалско издание.
По повод Денот за сеќавање на холокаустот врз Ромите, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност – Романо Ило, вечерва организираат изведба на драмски монолози насловени „Нацистички остатоци“.
Започнува тридневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ кој во Скопје ќе претстави околу 40 гости од регионот и од земјата.
Струшките вечери на поезијата се отрезнувачка опомена на новото време, а поетите се наши исцелители, забележа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 61. издание на најпрестижната поетска манифестација.