Во претставата играат Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.
Филмскиот проект во развој „Не се согласувам!“ на сценаристот и режисер Кристијан Ристески и продуцентот Дарко Попов (Фокус Покус) е селектиран за учество на најпрестижната европска програма за развој на сценарија eQuinoxe.
На сцената на Националната опера и балет вечер и на 2 ноември ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Почнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект) по текст на светски познатата француска авторка Јасмина Реза, а во режија на Весна Петрушевска.
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец’’ објави повик за пријавување за бесплатни едукативни часови за изведба на народни игри и песни, наменети за млади на возраст од 18 до 23 години.
Џез Фабрика фестивал-ЏФФ Битола е зачленет во светската мрежа на Арт фестивали, основана во 2017 година со мисија за зајакнување на глобалната културна размена, културна соработка, учење и споделување искуства.
Љутков го истакна значењето и потенцијалот на културниот туризам и креативните индустрии како двигатели за економски развој и глобална промоција на земјава.
Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.
Манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ за првпат се одржува оваа година.
Од понеделник почнува 15-то јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло“ во организација на Детскиот културен центар.