Лазаревски: Кратењето на буџетот за филмска продукција наместо за 33, ќе биде за 17 до 18 проценти
Ребалансот на буџетот веќе е изгласан. Кога добивме најава за кратење на буџетот за филмската продукција за 33 проценти, веднаш реагиравме до Владата и до кабинетот на премиерот. Сега имам и официјална информација дека кратење на буџетот ќе биде од 17 до 18 проценти, посочи директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски