Неопходно е да се сфати колку е кревко и скапоцено нематеријалното културно наследство, потребен поголем буџет за да можеме да го одржуваме
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во своето обраќање во Собранието потенцираше дека нематеријалното културно наследство како духовно богатство на еден народ е сведок за неговото опстојување, идентитет, вредностите и историјата на неговата култура воопшто.