Владимир Лукаш: „Ши, ѕифри, копчи“ е сликовница во која стиховите стануваат слики, а илустрациите – песни
Со музичко „читање“ во придружба на својата гитара, вчеравечер (18 ноември) во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“, авторот Владимир Лукаш ја промовира својата нова сликовница „Ши, ѕифри, копчи“. Делото, кое е со илустрации на Наталија Лукомска, е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“