Мојсова-Чепишевска: Исчитувањето на Конески како тестамент треба да продолжи – да не заборавиме дека мораме да пишуваме на македонски
Од 2021 година па наваму, кога ќе ја употребам синтагмата „Конески како тестамент“, не еднаш следи прашањето: Зошто Конески како тестамент?, Што пишува во тестаментот на Конески? Некои дури и негодуваа на поврзувањето на Конески со самиот термин „тестамент“.