Промоција на книгата „Скопски разговори“ од Свето Стаменов и Милан Јазбец
Во чест на 30-годишнината од независноста на Македонија и на Словенија, вечер во Домот на културата „Илинден“ во истоимената населба ќе биде одржана промоција на книгата „Скопски разговори“ на Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и еден од најплодните македонски публицисти, и проф. д-р Милан Јазбец, поранешен амбасадор и еден од најпознатите словенечки дипломати, универзитетски професор, писател и поет