КСП Центар-Јадро ќе ги презентира делата на визуелниот уметник Јане Чаловски
На настанот ќе се разговара за неговите самостојни претставувања и проекти, особено за покомплексните, како што е „Ние сите сме сами во ова“ со кој во 2017 се претстави на Венециското биенале, како и проектот со кој учествува на изложбата „Поголемо од мене: Херојски гласови од поранешна Југославија“ во MAXXI во Рим