Романот за сите љубители на историската фикција, „Арамиско гнездо“ од Ѓорѓи Абаџиев, ќе биде претставен со онлајн-разговор
Романот „Арамиско гнездо“, кој првично бил публикуван во 1954 година, неодамна беше реобјавен во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, чијашто цел е реобјавување на класичните дела на македонската книжевност