Изложба посветена на Република Македонија ќе се одржи во Музејот на град Лученец, административен центар на регион Новоград – Словачка и ќе трае до 29 август оваа година
Во паркот пред Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „4х9“ драмата „9“ од Гоце Ристовски, објавена на четири јазици: македонски, руски, српски и бугарски
Во Музејот на современа уметност Метелкова во Љубљана денеска се отвора изложбата „РЕАЛИЗИРАЈТЕ! СПРОТИВСТАВЕТЕ СЕ! РЕАГИРАЈТЕ! Перформанс и политика во 1990-те во пост-југословенскиот контекст“, а кураторки од Македонија се Ивана Васева и Биљана Тануровска – Ќулавковски
Во МКЦ вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Дневна доза мазохизам“ по текст на младата хрватска авторка Дина Вукелиќ, а во режија на Лука Кортина
Мобилната библиотека „READ on wheels“ (РЕАД на тркала) денеска официјално ќе ја почне својата турнеја во Теарце, Тетовско
Видео проекција и дискусија со хрватскиот визуелен уметник Игор Грубиќ во разговор со кураторката Јованка Попова вечер ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје во рамки на програмата „Видео уметници од Македонија и регионот“
Македонската премиера на филмот „Сите против сите“ (Vse protiv vse) – словенечко-македонско-хрватска копродукција во режија на Андреј Кошак, ќе се одржи вечер со почеток од 20 часот, во киносалата на Кинотеката на Република Македонија
Книгата „Брезите што шумеа крај Темза“ од Катерина Серафимовска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана денеска во Скопје
Во Театарот за деца и младинци вечер, со почеток во 20 часот, ќе се одржи премиерната изведба на младинската претстава „Подрум“, по текст и во режија на Драган Довлев
Во рамките на јубилејот-триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави книгата „Синдромот на самоуништувањето во десницата на македонското движење во Бугарија (1918-1934)“ од Васил Костојчиноски