Одбележани 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура -МСМЈЛК при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со свечен настан го одбележа јубилејот 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“, информираат од МСМЈЛК