Книгата „Кога светлината згаснува“ од Ојген Руге објавена на македонски јазик
Книгата „Кога светлината згаснува“ на Ојген Руге, излезе од печат во издание на издавачката куќа „Или-или“ како дел од едицијата “ПРОаЗА“. Преводот од германски јазик е на Ксенија Чочкова, дизајнот на корицата е на Марија Смилевска, а изданието на книгата е поддржано од мрежата „Традуки“.