Промовирана стихозбирката „Македонствување" од Десанка Николова
Поетската збирка ги содржи стихозбирките „Грутка во грлото" и „Мудровезби". Според промоторката Мира Георгиевска, стиховите од „Македонствување" се поетски манифест за Македонија, аманет и благослов за татковината што, како што рече, „стои во сржта на творештвото на авторката“.