Едукативни работилници за деца, дебата и изложба на Кондовски на фестивалот „Литера“
Едукативни работилници за деца, изложба на илустрации од уметникот Димитар Кондовски и дебати ќе бидат дел од програмата на вториот Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој од 14 до 19 октомври со почитување на здравствените протоколи ќе се одржува во галериите Мала станица и Даут-пашин амам.