Почнува 10.издание на Битола Шекспир фестивал
Под мотото „Месечината јасно свети во ноќите како оваа“, од денеска до 2-ри јули во Битола ќе се одржува јубилејното 10-то издание на Шекспир фестивалот. Оваа година на фестивалот се шест претстави, а гостуваат театарски ансамбли од Прилеп, Турција, Србија, Италија и Бугарија.