Завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука
Завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Славеј во Пелагонија, соопшти Центарот за истражување на предисторијата, кој петта година заедно со Завод и музеј – Прилеп и Институтот за старословенска култура, како и со повеќе европски институции работи на овој локалитет. Целта е да се проучи материјалната култура, архитектурата, стопанството, обредите и природната околина карактеристични за неолитот, доцната антика и средниот век