„Македоника литера“ на 27. Меѓународен саем на книгата во Пекинг
Како што соопшти „Македоника литера“, од 26 до 30 август во Пекинг ќе се одржува 27. Меѓународен саем на книгата, на кој, поради ситуацијата со корона вирусот, доминантно учество ќе имаат кинеските издавачи.