Трипуновски: За 6 месеци исплатени над 4,3 милијарди денари субвенции, за 2 дена префрлени над 1,7 милијарди денари на околу 78 000 земјоделци
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска, на прес-конференција во Владата, соопшти дека за шест месеци се исплатени над 4,3 милијарди денари субвенции, а за два дена се префрлени над 1,7 милијарди денари на околу 78 000 земјоделци.