Штип блесна за претстојните Новогодишни и Божиќни празници
Почна Новогодишниот базар во Штип, а од синоќа улиците и мостовите низ централното градско подрачје, Плоштадот „Слобода“ и шеталиштето „Ванчо Прќе“ и официјално блеснаа со светилки, санки, ѕвездени неба, елки. Поставени се и типските куќички на едносмерната улица.