Битиќи и Костадинов на средба со струмичките стопанственици
Струмица е исклучително добар пример како локалната самоуправа може да се справи со кризата. Таа е единствена општина во која локалната самоуправа има обезбедено субвенции и за граѓаните, но и за стопанствениците за да се справат со енергетската криза, рече заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, на денешниот работен појадок со струмичките стопанственици, што се одржа на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов