Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер, информираат во писмено соопштение од Општина Штип.
Највисокото општинско признание што го доделува Градот Охрид – наградата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ за оваа 2024 година му е доделена на проф. д-р Павле Митрески.
-За изработката користев срмен конец, жица, акрилна боја, ставена на тафт подгола во дрвена рамка. Се инспирирав од Соколана кое обележје на Куманово, изјави авторката Спасовски.
Денес, гледајќи назад, чувствувам голема благодарност што имав можност да работам заедно со граѓаните, да се залагам за нашата иднина и да ги придвижам важните проекти кои имаа директен и позитивен импакт на сите нас.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свечената манифестација по повод доделување на признанието „Вељо Манчевски“ за 2024 година во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.
Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).
Извршниот директор на „Ромалитико“, Елвис Шакири рече дека е горд на улогата што ја одиграле во зајакнувањето на ромската заедница.
Претставници на 25 компании членки на Стопанската комора денеска директно разговараат и интервјуираат околу 130 невработени Роми во рамки на Саемот за вработување организиран од Ромалитико во соработка со Стопанската комора.
Постојниот комитет на Бернската конвенција денеска во Стразбур ќе расправа по заканите врз Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“, односно неспроведувањето на препораките за заштитата на регионот и конкретно за градежните ативности во Студенчишкото блато.
Министерот Трипуновски потсети дека до пред некој период се исплаќаа субвенции од 2021, 2022, 2023 година.