Епископ Антаниски и игумен на свештената бигорска обител г. Партениј на синоќешната традиционалната Умилителна вечерна на простувањето, посака благословен пост и добра Четириесетница
Силно ве охрабрувам да продолжите да создавате од едно – две. Продолжете да креирате производи со додадена вредност и на тој начин да ги јакнете земјоделските стопанства, но и регионите во кои работите и живеете. Заедно, да продолжиме понатаму да дејствуваме
За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи
Во „Клубот на пратеници“ во Скопје денеска ќе се оддржи презентација на „Анализата за наоѓање на правен механизам за остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци“
Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија
Во Маврови Анови наврна најмногу снег 61 сантиметар, во Крушево снежната покривка е 56, во Ѓуриште 36, во Пожаране 34, а во Битола 7 сантиметри
Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи
Делчевска планина Голак ја достигна една од најголемите снежни покривки во последните 20 години. Граѓани кои успеаја да се искачат на планината, велат дека снежната покривка изнесува околу 40 сантиметри.
Зурли, тапани за прилепските мечкари, групни маски на рудари, индијанци, тутунари, кинески змејови, Крали Марко, Џоломарите и со жонглери и со мажоретки
Снегот кој од вчера напладне со висок интензитет врне во Kичевско, придонесе да се создаде снежна покривка со височина од 30 до 50 сантиметри, што беше причина сообраќајот во регионот да се одвива отежнато