Беровското здружение „Патфајндерс” го објави календарот на зимски искачувања на познати врвови во Малешевијата. Првиот врв кој е на агендата на беровските авантуристи е „Иљов Врв” на 1801 метар надморска височина.
За реконструкција на трибините на стадионот во Свети Николе се потрошени 1 200 000 денари.
Во тек се градежни зафати кои се однесуваат на изградба на комплетно нов кров, реконструкција на фасада и градежно занаетчиски работи во внатрешноста на училиштето кои опфаќаат санација на под, плафон и sидови.
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари најави дека проблемите со отпорот на некои родители, дете со даунов синдром да следи настава во училиштето „Единство-Башкими“ ќе бидат надминати
Започна реконструкцијата на Основното општинско училиште ,,Страшо Пинџур” во кавадаречкото село Возарци, информираат од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев
Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко денеска го посети Конзулатот на Република Косово во Струга и оствари средба со конзулот Агим Красниќи
Брачниот пар Ајфер и Керамедин Зендели ќе ја претставуваат општина Гостивар при нивната експедиција и освојување на највисокиот врв на афричкиот континент планината Килиманџаро. По тој повод тие беа на прием кај градоначалникот Арбен Таравари
Натпревар за најдобри вина и ракии и натпревар во закројување винови лози се организираат во Демир Капија, во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и во сабота изутрина ќе биде студено, а потоа температурите ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе дува засилен северозападен ветер
Во Чашка од денеска почнаа бесплатни скрининг прегледи за рано откривање на рак на грло на матката кај женската популација