Во ХЕ „Шпилје“ за десет месеци произведени 206.912 мегават часови електрична енергија или 5.211 повеќе од истиот период лани
Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во изминатите десет месеци од годинава произведени се 206.912 мегават часови (MWh) електрична енергија, што е за 5.211 повеќе споредено со истиот период минатата година.