Протест на жители од Кумановско, бараат алтернативен пат, мост и сигнализација додека се гради „Искрин Мост“
Група граѓани кои имаат живеат и имаат викендички покрај алтернативниот пат Куманово – Свети Николе, денеска мирно протестираа и два часа го блокираат патот кој компанијата изведувач го направи за потребите на населението од околу 15-тина села додека трае изградбата на „Искрин Мост“. Мостот поради оштетување на едниот столб се санира од 23 јули, годинава.