Повлечени хеликоптерите од Пехчево поради високите температури
Поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнувањето на петте хеликоптери на местото на големиот шумски пожар во Пехчевско, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување, информира в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.