Заврши изведбата на молеро фарбарските работи на надворешноста на зградата на подрачното училиште во селото Прдејци, кое работи во состав на основното училиште „Ристо Шуклев“ од Негорци.
Во битолската Клиничка болница, во инфективното одделение, нема нити едно хоспитализирано лице заболено од ковид, изјави Билјана Гагачовска, директорка на оваа здравствена установа
Водата да се користи рационално на овие високи температури, а не за полевање на градини и тревници, апелираа денеска од штипското комунално претпријатие „Исар“
Со реновирањето на делот каде се сместени тезгите, заврши обновата на сите опожарени делови од Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица по големиот пожар кој избувна во јануари годинава
Јавната локална библиотека „Илинден“ заедно со двете основни училишта во градот ја започнаа заедничката иницијтива насловена „Подвижна читална“. Како што истакна директорката на билиотеката Биљана Петровска целта е на отворен простор учениците заедно да ги обработуваат предвидените лектири за следната учебна година
На локалните жители од селото Раброво, општина Валандово ќе им го реши деценискиот проблем, а тоа е конечно да бидат поврзани со фекална канализациска мрежа и колекторски систем за отпадни води, што моментно е нивен егзистенцијален приоритет
На стотината вработени во комуналното претпријатие „Солидарност“ од Виница вчера им била исплатена платата за мај во висина од 100 денари
Во Делчево објавен конкурсот за општинската награда „7 Септември“ за 2021 година. Општинската наградата, како што информираа од Општината, се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Македонија во знак на општествено признание за особени постигнувања
Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени
Под покровителство на компанијата МАКПРОГРЕС, ЕБОР Лондон и Владата на Јапонија формирана е Академијата за извршни менаџери во Виница која има цел да овозможи развој на бизнис лидери преку користење на најновите светски трендови и знаења од областа на менаџментот