Природата ја замати водата во Струмичко, политичарите тешко ја избиструваат, некои се обидуваат да профитираат
Со пластични шишиња и канистри граѓаните од горниот дел на градот, кај „Јаворот“ од почетокот на овој месец секој ден од 10 до 12 часот го дочекуваат камиончето на комуналното претпријатие да донесе вода за пиење за да наполнат и однесат дома.