Со 100 свеќи прославен роденденот од еден век на Тодорка Митрева
– Подвижна е и си го знае умот. Пред околу 25 години почина дедо ни. Таа живее со нашите родители. Откако ја паметиме, секое утро и почнува со какао. Без разлика кое годишно време е, две печени јаболки и се омилена ужина. За ручек често јаде супа и манџа, домати и пиперки, што и да е, многу ретко месо, открија тие.