Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.