Мониторинг системот од 200 камери за безбеден град Кавадарци интегриран со МВР
Преку проектот „Безбеден град“ ќе спасиме многу човечки животи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци, каде заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, ја посети кавадаречката полиција.