Крак од одводен канал во горниот дел на градот е претворен во депонија и узурпиран e од несовесни граѓани, соопштија денес од струмичкото комунално претпријатие.
Според РЦУК Куманово, Крива река сè уште е излеана кај Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Клечовце, додека Пчиња кај селата Шупли Камен, Пчиња и Студена Бара.
Ерозија на земја поради интензивните врнежи од дожд се појави на потегот од православните гробишта кон ридот Балтепе во Тетово, па мештаните алармираат дека може да останат без своите куќи и стравуваат за животите. Во 2018 година поради ерозија се урна и една куќа.
Одрони од камења и земја на десеттина места од претпладнево го блокираат коловозот на магистралниот патен правец Кочани – Делчево, поради што е отежнато одвивањето на сообраќајот.
Иако се намалија врнежите од дожд и водостоите на реките од ноќеска во 21 часот Вардар се излеа и поплави куќи и обработливо земјиште во неколку села во Општина Јегуновце.
Првично друштвото „Долна маала" донесе одлука за одржување под посебни мерки и протоколи со цел заштита од ширење на Ковид-19, со дел од обичаите, преку кои вевчанци векови наназад го бркаат злото.
– Општина Ресен апелира до сите жители, доследно да се почитуваат одлуките и протоколите на Владата на Република Македонија, кои се однесуваат на заштита и превенција од Ковид 19, стои во апелот.
Се пренасочува сообраќајот на релација Делчево – Скопје, по одроните кои предизвикаа застој на регионалниот патен правец Кочани – Делчево.
Поради одрон на патниот правец Штип – Делчево, во близина на браната Калиманци, кај м.в. Драки сообраќајот е во прекин за товарни возила, соопштија од Автомотосојузот на Македонија.
Во Делчево во минатата 2020 година се исплатени вкупно 266 илјади денари за 82 новороденчиња кои се родиле во текот на годината