Променливо и дождливо време во текот на целата недела
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 26 степени.