37 пациенти позитивни на Ковид-19 се лекуваат на инфективното одделение во Велес
Од 37 пациенти моментално на ова одделение 22 се од Велес, а останатите од градовите од Повардарието од каде се лекуваат пациенти во ова одделение – од Свети Николе осум, од Кавадарци двајца, Градско четири и еден пациент од Демир Капија.