Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини.
Владата на предлог на Министерството за транспорт донела и одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на општина Велес за изградба на нова катна гаража за потребите на жителите на оваа општина.
Пожарот се движи во насока на неколку села: Бонче, Крушевица, Пештани, Дуње и Кален, изјави директорот на ЦУК, Ангелов.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 19:30 часот низ државава имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се ставени два пожари, а 11 се изгаснати.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР во 21 налет исфрлил 53 тони вода врз пожарот на Скопска Црна Гора, на место викано Рамно.
- Ние ќе ја вратиме довербата кај граѓаните. Овие институции ќе работат во рамките на своите надлежности. Никој не треба да биде загрижен, истакна меѓу другото министерот Трипуновски во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.
-Проект за кој што повеќе од десет години се комуницира во јавност, веќе се изведуваат активности за бетонирање на платотот и поставување на инфраструктура на овие типски објекти, кои што се некаде околу 40 на број. Очекувам до крајот на годината истите да бидат поставени, изјави Јорданов.
Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“ в сабота ќе ја реализираат втората еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро кај Струга.
Следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во првиот уписен рок евидентира 856 кандидати со што исполнети се над 30 насто од планираните места за студенти бруцоши.