Лекар и стоматолог во штипскиот Затвор позитивни на коронавирусот
Позитивни на коронавирусот се лекарот и стоматологот, кои работат во затворската амбуланта во Затвор-Штип. Заразени се од осуденикот, кој минатата недела беше првиот потврден случај во оваа казнено-поправна институција, пишува „Локално“.