Изминатата недела нови 15 случаи на Ковид во Охрид, 24 во Струга и 8 во Дебар
Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесуваат на населението што живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, покажуваат дека во периодот од 12 до 18 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 47 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, 24 лица од општина Струга и кај осум лица од општина Дебар