АД ЕСМ: Поради чистење наноси во Црн Дрим имаше краткотрајно испуштање на водата од Охридско езеро
-Работите успешно завршија, и вчера при кота на Охридското Езеро 693,17 метри надморска висина заврши понатамошното намалување на нивото. Дозволените коти на Охридско Езеро согласно Водостопанската дозвола на АД ЕСМ се движат од 693,75 до 693,10 метри надморска висина, посочуваат од ЕСМ.