КСП ЦЕНТАР - ЈАДРО е прв пример на модел на јавно-цивилно партнерство во земјава преку кој сакаме да покажеме дека се можни и поинакви начини на дејствување, содружништво и поврзување.
Утре времето краткотрајно ќе биде стабилно, а во периодот потоа во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
По иницијатива на здруженијата на бранителите и полициски синдикат пред десетина години на објектот што е непосредно до местото на трагичниот настан е поставена спомен-плоча
Атрактивната точка 70-годишниот Петков ќе ја изведе утре на пладне на Сараиште, секако под будно око на спасителите од охридскиот Црвен крст.
Во пресрет на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, игуменот на Бигорски манастир, епископ Антаниски г. Партениј, ја посети Обителта на манастирот Пречиста кај Кичево.
Жителите на село Возарци добиваат спортска сала, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК .
Православните верници од Охрид и околината со богослужбa и верски обичаи секоја година масовно во селото Сребатно го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.
Пожарот во млекарницата Хит 73 во Камењане, Општина Боговиње е локализиран по речиси два часа гаснење на огнот од страна на пожарникарите.
ЦУК посочува дека интервенирале вработени од Зоолошката градина затоа што се уште не е формиран интервентниот тим на државно ниво за справување со големи цицачи односно неговото формирање е во завршна фаза.