Изминатата седмица во Охрид 21, во Струга 30 и осум лица од Дебар позитивни на коронавирус
Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесува на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажуваат дека во периодот од 29 август до 4 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 21 лица од општина Охрид, кај 30 лица од општина Струга и кај осум лица од општина Дебар