Времето денес: Нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7