Утре ќе се расчистува мостот во населбата Превалец кој по невремето е затрупан со гранки и друг смет
Мостот во Населбата Превалец, на регионалниот пат Велес-Чашка кој по саботното невреме од порои на дожд е затрупан со гранки и друг смет, поради неможноста да се вклучи механизација од утре ќе се расчистува рачно за што денеска се подготвува теренот, изјави за МИА директорот на ЈКП „Дервен“ Тони Јовиќ