Ангелов: Изгаснати 20 пожари, 10 се уште активни
Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имавме 30 активни пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 20 се целосно изгаснати, а 10 се активни и веќе дел од нив се ставаат под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.